МИСИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА
Центарот за кариера при Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е врска меѓу студентите на нашиот факултет и деловната заедница. Центрот за кериера е формиран заради организирање практична настава за стдентите во функција на нивно практично усовршување, со цел создавање стручен кадар кој ќе применува современи иновативни техники и технологии во наставата, организирање саеми за каерира, како и водење евиденција за поранешни студенти (алумни).
На студентите им помага при планирањето на нивната кариера, извршувањето на практичната настава, во земјата и во странство и пристапот до работните места.
Исто така, центарот посредува меѓу барањето на компаниите за практиканти, го промовира факултетот пред пазарпт на трудот и воспоставува постојани врски меѓу студентите и деловната заедница.
АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА ПРИ ФДТМЕ
- Учествува во организирањето на задолжителната практична настава за студентите, со цел создавање стручен кадар кој ќе применува современи иновативни техники и технологии.
- Им помага на студентите да ги планираат, идентификуваат и имплементираат нивните цели на кариерата.
- Даваат предлози за иновирање на наставата за потребите на државата и економијата.
- Ја поттикнуваат и ја организираат волонтерската работа на студентите.
- Обезбедува информации за можностите за вработување и извршување на практичната настава.
- Ги информира студентите за програмите за мобилност и го координира и помага нивното конкурирање за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
- Организира промоција на факултетот пред идните студенти, пред медиумите и на настани за кариера организирани на факултетот или во рамките на други образовни институции.
- Помага при уписите на новите студенти на факултетот на сите студиски циклуси.
- подготовка на мотивациско писмо, презентација на нивните квалификации, вештини, лични карактеристики и сл.
- Одржува настани кои им овозможуваат на студентите да создадат контакти и интервјуа со работодавците.
- Организира посети на студентите во компаниите/институциите.
- Поттикнува и одржува континуирани партнерства со работодавците во Република Македонија.
- Води евиденција за поранешните (алумни) студенти и ги ангажира за реализација на активностите на центарот.
ДОКУМЕНТИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРАКТИЧНА РАБОТА
Раководител на центарот за кариера: Проф. д-р Мира Станкевиќ Шуманска
E-mail: [email protected]
|