ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
Со формирањето на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, изработен е Правилник за внатрешните односи и работењето на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, во состав на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје (Унив.гласник, година X, број 165, 31 декември 2010 година и Унив.гласник, година XIII, број 261, 25 октомври 2013 година).
Во внатрешната организациска поставеност на Факултетот се формирани неколку центри, меѓу кои е и Центарот за истражуавње и развој во дрвната индустрија (ЦИРДИ).
Некои од основните задачи на Центарот за истражување и развој во дрвната индустрија , врз основа на кои ќе ја гради својата функција, се во областа на:
– применувачката, односно апликативната дејност,
– поттикнување и организирање на соработка со компании од дрвната индустрија во земјата и странство,
– организирање на професионални курсеви и обуки во доменот на дрвната индустрија,
– други работи во интерес на Факултетот.
Во составот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер постојат 8 (осум) Катедри, кои покрај наставно-научните работни задачи, извршуваат и дејност од применувачката, односно апликативната работа.
• Катедра за анатомија и технички својства на дрвото
• Катедра за економика и организација на дрвната индустрија
• Катедра за композитни материјали
• Катедра за конструкции и подготовка на производството
• Катедра за машини, енергетика и транспорт
• Катедра за примарна преработка на дрвото
• Катедра за проектирање на мебел и ентериер
• Катедра за технологија на финалното производство
Раководител на центарот:
Проф. д-р Горан Златески
E-mail: [email protected]
тел. 078-491-842
|