ЛТМ- Науката во функција на вашиот мебел
Лабораторијата за тестирање на мебел и ентериер е составен дел од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Градежниот дел на Лабораторијата почнува да се гради уште во 2009г. додека сеуште е дел од Шумарскиот факултет. Опремата со која располага Лабораторијата пристигнува 2010г. По опремувањето на лабораторијата се избира тим на кој се врши соодветна интерна обука и се проучуваат стандардите и методите по кој се врши тестирањето. Истовремено се врши воведување и ситемот за квалитет.
Основна цел на Лабораторијата за тестирање на мебел е грижата за крајните корисници на мебел. Со тестирањето на мебелот се заштитува крајниот корисник од несакани повреди и деформации на човековото тело како и заштита од непотребно губење на енергијата во објектите. Обучениот тим, софистицираната опрема како и постојаната контрола на квалитетот нудат реални резултати за тестираните единки
Услуги:
• Тестирање на мебел, градежна столарија, композитни материјали како и производи за градежни и транспортни елементи,
• Изработка на тест извештај за тестираните единки,
• Стручни совети за подобрување на својствата на тестираните единки,
• Издавање на Сертификат за секоја единка со позитивен тест извештај.
Работно време:
8:00 - 16:00 (понеделник-петок)
|